X
 14.11.2015 Живот

Оптичка илузија која го открива нивото на стрес

Оптичките илузии најчесто се користат за лична забава, но некои од нив имаат примена и во технологијата, медицината и уметноста. Професорот Акијоши Китаока од универзитетот „Ритсумејкан“ во Токио тврди дека одредени оптички илузии може да дијагностицираат стрес.


Овој професор стои зад една илузија која сигурно ја имате видено барем еднаш досега. Се работи за „змиите кои ротираат“, илузија која професорот ја создал како тест за стрес. Китаока вели дека доколку „долго ги набљудувате круговите и тие остануваат неподвижни, тоа е добар знак дека сте смирени и опуштени“.


Меѓутоа, „доколку ви изгледа дека круговите полека се вртат, тоа е сигнал дека сте уморни и ви треба одмор. Алармантна е состојбата на луѓето на кои круговите им се вртат со голема брзина, бидејќи тоа значи дека се под голем стрес“, вели Китаока.

Соодветно на тестот за стрес, постои и илузија против стресот. Во продолжение има една таква за која се смета дека го опушта мозокот, го подобрува расположението и ја намалува депресијата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот