X
 17.11.2015 Настани

Macedonia Youth to Business forum 2015 - Вклучи се и дејствувај

Знаете ли која е причината поради којашто студенти стоеја на автобуски станици со торби и куфери во рака со натписот #OneWayTicket? Овој тизер го означи почетокот на кампањата за овогодинешното издание на  Macedonia Youth to Business forum.



Студентската организација АИЕСЕК и Економскиот факултет - Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) оваа година по трет пат го организираат овој форум. Идејата зад иницијативата е да овозможи платформа за меѓусебна интеракција помеѓу студентите, факултетите и компаниите на теми за кои вообичаено немаат можност да разменат мислења и ставови.

Една од можеби најважните теми на дискусија помеѓу овие страни е будење на свеста за одливот на млади и амбициозни луѓе надвор од границите на државата како и причините за истото што всушност и ќе биде темата на првиот модул наречен “Феноменот brain drain – реалност на нашето секојдневие.”

Досега студентите немале голема можност да го кажат своето мислење за тоа колку и на кој начин им е потребна инволвираноста и поддршката на компаниите и факултетите, а токму овој проект им ја дава таа прилика.

Дополнително е потребно младите да се поттикнат да размислуваат за решавање на проблемот бидејќи, за жал, огромен број од работоспособната маса меѓу кои и студентите решаваат да го избегнат наместо да се соочат со проблемот и ја напуштаат државата.

Постојат голем број стејкхолдери кои веќе преземаат акции за решавање на овој проблем. Токму на ова ќе биде посветен вториот модул: “Како и зошто компаниите, студентите и факултетите картата во еден правец ја претворaат во повратна.” За време на овој модул ќе бидат споделени различни приказни и искуства со намера да се поттикне инспирација и желба за промена кај оние кои истата ја немаат.

 

Целта на нашата организацја не е само да разговараме за проблемите туку и да преземеме нешто околу нив, затоа како дел од овој форум ќе се одржат серија работилници посветени на изнаоѓање заеднички предлози и решенија коишто ќе бидат имплементирани и искористени и по завршување на форумот, за 4ти декември да не биде само еден ден кога се одржал настан, туку ден кој претставува почеток на позитивна промена која самите ќе ја создадеме.

Дојдете да ја создадеме заедно!

Аплицирајте на:
http://aiesec.org.mk/youth-business/
Повеќе информации околу предавачи, панелисти и агенда ќе објавуваме во наредниот период на нашата фејсбук страна:
https://www.facebook.com/youthtobusiness/?ref=hl

Издвојуваме

Настани