X
 18.11.2015 Образование

За сите оние кои се заинтересирани за студирање во САД... Не ја пропуштајте оваа можност!



За сите оние кои се заинтересирани за студирање во САД, не пропуштајте ја можноста да го посетите Саемот на универзитети организиран од Американската Амбасада Скопје во просториите на Националната и Универзитетска Библиотека во холот на Американското катче Скопје.

Саемот ќе се одржи на 19ти ноември од 16:00 до 18:00 и на истиот ќе имате можност да се запознаете со програмите на 17 универзитети во Америка. Овие универзитети ќе бидат претставувани од страна на вработените во амбасадата кои дипломирале на истите.

Дополнително, ќе има и советници за образование во САД кои ќе зборуваат за подготовка и процесот на аплицирање на дипломски и постдопломски студии.

Повеќе информации на следниот линк: https://www.facebook.com/events/1621526534774418/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование