X
 19.11.2015 Образование

Студентите се подготвуваат за револуцијата во енергетскиот сектор

Околу 40 трудови поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој ќе се презентираат на третата студентска конференција “ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ – СКЕЕОР 2015“, која започна денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје.



Конференцијата претставува одлична можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, професорите и компаниите од енергетскиот сектор, рече организаторот на настанот, Бодан Велковски, претседател на Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој (СКЕЕОР Скопје).

„Студентите како идни инженери се повеќе ќе се справуваат со проблеми и предизвици кои ги наметнува револуцијата во енергетскиот сектор. Оваа меѓународна конференција претставува мост на соработка меѓу студентите и професионалците од регионот, кои работат заедно на наоѓање решенија за одржлив развој и зелена иднина. Ова е единствена можност да се соберат студентите, професорите, експертите и успешните компани од областа“, објасни Велковски.

Професорката Маргарита Гиновска од ФЕИТ, координатор на конференцијата, објасни дека се повеќе се зголемува бројот на пријавени трудови, но и нивниот квалитет. Според деканот на ФЕИТ, Миле Станковски, кој ја отвори конференцијата, Факултетот комплетно посветува внимание на енергетиката како област.

„ФЕИТ докажува дека ги има најдобрите студенти кои знаат и умеат да организираат меѓународна конференција на високо ниво. Ова значи дека тие ќе бидат и добри стручњнаци во областа, чиј напредок е енормно голем. Тоа се огледа во се поголемиот интерес кај студентите за енергетиката, поголемиот број запишани студенти на Факултетот и од интересот за организирање ваков тип конференции, кои се можност за учење и размена на искуства меѓу студентите, но и со сите останати релевантни чинители“, рече Станковски.

Бујамин Шеапи, електроинженер во компаниите Везешари, го пренесе своето искуство во работењето на полето на енергетската ефикасност во првата биогас централа во Македонија, „Електрошари“.

„Во нашите компании, овој проект се реализира веќе една година со 15 мерни места. Станува збор за инвестиција која треба и вреди да се направи затоа што е исплатлива“, рече Шеапи.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование