X
 20.11.2015 Технологија

Сите сателити кои се над вас во моментов

Дали знаете колку сателити кружат околу Земјата во моментов? Точниот број изнесува некаде помеѓу 2.250 и 2.300. Овие сателити се движат околу Земјата со брзина од приближно 24.000 километри на час.


Тоа е огромна брзина, но доволно мала за да може да се лоцираат со вистинските метод и алатки. Патрисио Гонзалез е уметник и инженер од стартап-компанијата „Мапзен“. Тој создал мапа која ги покажува сателитите кои се наоѓаат над нас во реално време.


Доколку одите на ОВОЈ линк и го внесете името на вашиот град ќе може да ги видите сите сателити кои се над тој град во моментот. Мапата била направена со податоци од повеќе извори.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија