X
 22.11.2015 Живот

Како да научите и да запомните апсолутно се`?

Алесиа Брешани, човекот кој веќе 15 години се занимава со различни стратегии во дигиталната сфера, стекнато во текот на долгогодишниот развој на работа и на лично ниво, го споделува одговорот на прашањето: Кои стратегии на учење ги користат луѓето кои брзо учат?

 

учење


Брешани наведува неколку принципи кои тој ги смета за универзални кога станува збор за учење и помнење.

1. Повторувањето води до совршенство

Кога учите нова вештина, постојаното вежбање во текот на одреден временски период може да ви помогне целосно да ја совладате оваа вештина. Доколку учите нова теориска материја, вежбајте применувајќи го тоа знаење кога и да можете.

Како што Брус Ли еднаш рекол: „Не се плашим од човекот кој наеднаш направи 10.000 удари, туку од човекот кој повторил еден удар 10.000 пати“.

2. Потребен ви е фокус за да вистински да сфатите и да научите било која тема

Денес е лесно да се изгуби фокус кога од сите страни сме „бомбардирани“ со информации. Всушност, ја изгубивме способноста да се фокусираме. Што тоа значи во пракса? Кога учите нов материјал, можете да слушате лесна и тивка музика без зборови за да ги блокирате сите влијанија од средината која може да ви го одвлече вниманието и поради која би изгубиле фокус.

Како што Стив Џобс објаснува: „Концентрацијата е тоа да им кажете не на стотина други добри идеи кои постојат околу вас. Морате да изберете внимателно“.

3. Контекст и детали

За да разберете специфична тема, потребно е пред се` да ја земете во предвид поголемата слика. Прво е потребно да го сфатите контекстот за да ги разберете деталите.

Што тоа значи во пракса? Кога прв пат ќе го земете учебникот во рака за испитот за кој се подготвувате, прво прочитајте ја содржината. На тој начин ќе добиете увид во севкупниот материјал и контекст. Со тоа ќе ги сфатите сите детали како една тема поврзана со друга. Деталите се важни, но во вистинскиот момент. Доколку премногу рано започнете со „деталите“ може да ви се случи да ви „се лизне“ севкупниот контекст.

4. Создавајте врски

Учењето преку разбирање на контекстот и деталите ви овозможува да ја сфатите врската меѓу информациите. А тоа е доста важно за втемелување на знаењето. Како тоа функционира во пракса? Доколку треба да запомните голем број на информации кои ви задаваат потешкотии, обидете се да измислите приказна околу овие информации во кои ќе ги вклопите и добро познатите поими. На тој начин полесно ќе научите и ќе ја запомните информацијата.

Сигурно сте слушнале за трикот како да ги запомните картите од шпилот и да погодите која карта точно недостасува. Овој „трик“ се основа на поврзувањето на сите карти во една смислена целина и приказна така што секоја карта на пример ќе ја поврзите со ликот на одредена личност или предмет. Во секој момент ќе знаете кој недостасува од списокот.

5. Одредете го ритамот

Со ритамот, со учењето секогаш можете да играте. Кога е потребно можете да забавите, а исто така од друга страна можете да забрзате кога сакате да учите побрзо. Од оваа причина ритамот е важен во учењето бидејќи се наоѓаат различни интензитети на притисокот што како последица го има вашето прилагодување кон учењето и методите кои ги користите.

Во пракса, кога се преслушувате за испит обидете се прво да го изнесете наученото полека и сталожено, а потоа тоа направете го најбрзо што можете само колку да бидете сигурни дека апсолутно владеете со сите информации дури и тогаш кога морате да одговарате под притисок.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот