X
 22.11.2015 Технологија

Сосема нов вид на спорт - Трка со дронови

Кога мислите на спектаторски спорт, мислите на голема толпа народ. Штандови со хот дог. Продавачи на пиво. Секако, постои опција да сте таму, на самото место, и постои опција да го гледате на телевизија.

 

dron


Но, новиот вид на спорт наречен „Drone Rasing League“ нуди извонредни снимки снимени од камери монтирани на беспилотно недело, професионална видео продукција од тимот и нови технологии за гледање со цел да ги привлече фановите - нуди сосема различен вид на спектаторски спорт. Ќе гледате трки исто како да седите во кабината на беспилотското летало.

„Не сме целосно фокусирани на настаните во живо“, вели извршниот директор Ник Хорбацевски кој вели дека тоа може да се промени ако трките станат популарни. Лигата има планирано шест трки за 2016 година низ Америка, како и трка низ тунелите на стадионот Сан Лајф Мајамиво декември. Ние сме фокусирани на пост-продукциската содржина. Тоа е доста неверојатен начин да се искуси. Нашата цел е да создадеме одлична содржина, и сме сигурни дека ќе си го пронајдеме местото и публиката“.

Дроновите ќе одат со брзина од 150 километри на час, избегнувајќи ѕидови, одејќи низ портите. Но, дроновите се само еден дел: секој курс ќе биде дизајниран да изгледа одлично на видео.

Брзината и помалата големина на беспилотните летала не се единствената пречка за трките.  Трките ќе бидат доста сложени.

Всушност, самите пилоти ќе имаат тешко време да ги водат дроновите без помош од висока технологија. Секој од нив ќе носи пар очила кои ќе прикажуваат видео од камерата монтирана на предната страна на беспилотното летало на предната страна на дронот. Строго аналогно е и со ниска резолуција, за прикажувањето на видеото да биде брзо.

Хорбацевски има искуство во помагање на нови спортови да пронајдат глобална публика. Со цел да ја прошири привлеченоста на беспилотното летало кон мејстрим публиката, Хорбацевски вели дека лигата е насочена да им помогне на дроновите да излезат од хоби модот. Постои причина зошто повеќето тркачи со дронови се „хард-кор“ хобисти. Поголемиот дел од производителите на дронови не прават дронови за тркање, оставајќи им на искусните пилоти да дизајнираат, градат, поправаат и да се тркаат со сопствени машини, вели Хорбацевски.

Лигата сака да ја промени оваа парадигма, не само со тоа што ќе им плаќа на пилотите, туку и ќе ги покрива нивните трошоци за опрема.

„Имаме екипаж кој управува со дроновите. Тие ги одржуваат. Секој во нашата лига го лета истиот дрон“, вели Хорбацевски.

 



Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија