X
 25.11.2015 Наука

Експертите даваат одговор: Дали да го слушаме срцето или паметот?

Често пати луѓето ни советуваат да го послушаме нашето срце отколку памето, бидејќи емоциите знаат повеќе отколку разумот. Но, дали навистина е така?

 

pamet


Истражувањата покажуваат дека ние сами не сме добри „статистичари“ кога станува збор за нашето сопствено искуство. Помниме селективно и тоа најчесто ситуациите кои ни се убави. За повеќето луѓе, дури и трауматичните мемории избледуваат со текот на времето. Како резултат на тоа, ние сме „програмирани“ да го следиме срцето, бидејќи сме ги запомниле оние добри искуства кои ги избрало срцето.

Од друга страна, потешко го помниме времето кога на логиката сме и` дозволиле да преовладува. Можеби причината лежи во тоа што не помниме нешто што не сме го направиле. Не го помниме она што „не сме“ го имале пред себе - како на пример изборот да не купиме уште еден пар чевли.

Земајќи ги сите овие фактори во предвид, и науката се обидува да одговори на вечната дилема - дали подобро е да се следи своето чувство или мислите? На Универзитетот во Источна Кина овој проблем е обработен со иновативен експеримент. Студентите во одреден временски период одлучувале дали да ризикуваат или не. Целта била да се открие под кои околности учесниците се одлучуваат на ризични потези.

Резултатите покажуваат дека под временски притисок, студентите донесуваат поризични одлуки кога се чувствуваат среќни, а многу се внимателни кога се чувствуваат тажно. Кога имаат повеќе време за размислување, емоциите не прават разлика во ризичните потези. И економистот награден со Нобелова награда, Даниел Кахнеман, се запрашува колку нашата емотивна состојба се одразува на ризичните одлуки.

На брзото размислување, односно на брзо донесените одлуки влије нашата емотивна состојба. Така на пример Даниел смета дека ако ризичната ситуација донесува нешто добро, ќе ја пропуштите можноста ако сте во лошо расположение. Но, ризичната ситуација по дефиниција не дава баш задоволувачки резултати, а вашето добро расположение ќе ве води да донесете погрешна одлука.

Заклучокот на истражувањето вели дека ако го следите вашето срце под временски притисок, тогаш тоа не дава добри резултати. Кога би имале малку време да ги проучите сите фактори, рационални и ирационални, вашиот суд ќе биде појасен. Одлуката да преземете ризик може да ви донесе добро, но потребно ви е време.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука