X
 27.11.2015 Живот

Викенд временска прогноза - Дожд, ветровито, постудено

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во петок ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и постудено време. На ридско-планинските предели и на планините над 800 метри со врнежи од снег. Локално се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер.Утринските температури од -1 до  до 8 степени, а максималните дневни од 2 до 12 степени.



СКОПЈЕ - Во Скопје во петок облачно со врнежи од дожд, ветровито и постудено. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 4 степени, максималната дневна до 7 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во текот на ноќта петок кон сабота врнежите ќе престануваат, и во сабота ќе биде претежно облачно со максимални температури од 2 до 12 степени. Од недела стабилизација на времето и осетен пад на утринските температури. Во недела умерено облачно. Утрински температури од -4 до 5, а дневни од 3 до 12 степени. Во понеделник и вторник студени утра, во текот на денот сончево и топло. Во понеделник наутро од -6 до 2 степени, во дневни температи од 5 до 14. Во вторник утрински температури од -5 до 3, максималните од 7 до 16 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот