X
 28.11.2015 Образование

Бесплатно за сите студенти - Софт Скилс Академија

Целта на оваа Академија е да им даде на студентите еден вид образование комплементарно на факултетското и да ги научи на круцијални вештини кои потоа ќе ги користат во секојдневниот живот. На овој тридневен настан 40 студенти од целиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ќе имаат можност активно да учествуваат на тренинзи од областа на овие вештини.


Познавањето на меките вештини овозможува полесно комуницирање, подобро организирање на времето, како и подобрувањето на комуникациските и  презентациските способности. Користењето на овие алатки го одвојуваат и истакнуваат поединецот од конкуренцијата при вработување и самопретставување во нови работни околини.

Во склоп на оваа академија покрај неколкуте тренинзи, учесниците ќе научат како да напишат професионално CV  и мотивационо писмо кое ќе им помогне при добивање на посакуваната работна позиција.

Оваа Академија има долгогодишна традиција во рамките на ЕЕСТЕК мрежата, организирана од повеќе Локални Комитети низ цела Европа и важи за успешен проект преку кој е препознатлива нашата организација.

Кога и каде?
Во периодот од 04-06.12.2015 година на факултетите кои се дел од техничкиот кампус.

Пријавување:
Пријавувањето е бесплатно за сите студенти од УКИМ и трае до 01.12.2015 година.
Линк до апликацијата : http://goo.gl/forms/N9O1Wk3Wvt

Повеќе информации може да најдете на фан страната :  https://www.facebook.com/eestecacademy/

Или на e-mail: skopje.lc@gmail.com

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование