X
 30.11.2015 Технологија

Новиот проект на "Google" - толку напреден што не може да се замисли

Секојдневно се прават напредоци во технологијата со кои светот станува место како од научно-фантастичните приказни напишани пред децении.


„Google“, дефинитивно, е една од водечките компании кои го задржуваат трендот на иновирање во областа на технологијата. Во последно видео, „Google“ ни нудат поглед во иднината која можеби нè очекува.

Се работи за проект наречен „Soli“, кој користи радари за да препознае движења толку детални што со користење на прстите би можеле да ја контролираме технологијата. Тоа можеби би изгледало вака:



Со технологијата се регистрираат 10.000 слики во секунда, а сето тоа е сместено во еден чип. Токму поради тоа, овој проект ветува многу. Нема ништо за кршење, подвижни делови, леќи - само парче песок на плочка.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија