X
 30.11.2015 Настани

Студентите на Филозофскиот факултет ќе го одбележат денот на лицата со инвалидност

По повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, студентите на Филозофскиот факултет организираат настан кој ќе се одржи на факултетот со интерактивни работилници и ликовни творби.



- Позади целата терминологија, класификација и многубројните дефиниции, стојат личности кои имаат желби, соништа, вредности и способности. Личности со свои посебни животни приказни. Целта на овој настан е преку интерактивни работилници, музика и ликовни творби заеднички да се избориме против социјалните стигми и да го избоиме сивилото на предрасудите во сите бои на различноста - вели Глорија Наумовска, една од организаторките на настанот.

Како што таа информира, иако 3-ти декември е само еден ден, заедничка желба на студентите е да се потрудат и во останатите 364 дена во годината да ги прифатат различностите и да го најдат она што ни е заедничко на сите.

Инаку во однос на архитектонските бариери со кои се соочуваат студентите со инвалидност, Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", Институтот за дефектологија и Архитектонскиот факултет прават напори неколку години наназад за разрешување на истите.

На самиот настан предвидено е и да започне акција за собирање облека и обувки за дечињата од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, која ќе трае една недела.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани