X
 01.12.2015 Образование

Предизвик за студенти: Аплицирајте за најголемата авантура во животот!

Точно 165 студентски тимови од 50 земји во светот меѓу кои и Македонија, ќе учествуваат во највозбудливата авантура за 2016 година, насловена како „Red Bull Can You Make It“. Во неа учесниците треба да ја пропатуваат Европа (да стигнат до определената цел) без никаков буџет и со лименки Ред Бул како единствена валута. Започнете го патувањето: употребето го шармот и стратегијата, возбудете ги вашите следбеници, а потоа прославете го триумфот на една од најспектакуларните дестинации на Стариот континент!



Доколку сте универзитетски студент кој е подготвен за се и чувствувате бестрашност, ова е повикот за акција: сега е време да се аплицира за „Red Bull Can You Make It?“ едицијата во 2016 година. Ова натпреварување не е за да се стигне прв на целта, туку за патувањето. Секоја екипа ќе мора да помине повеќе од илјада километри во една седмица за да стигне до конечната дестинација, при што лименките Ред Бул ќе бидат единствената валута што ќе ја имаат на располагање. Рокот за апликации стартува на 1 декември 2015 година, а завршува на 14 февруари 2016 година.

На 12 април 2016 година сите 165 избрани екипи ќе тргнат од пет стартни точки во Европа: Барселона, Фиренца, Берлин, Единбург или Прага. Секој тим ќе добие „кеш“, мапи и телефони со цел да стигне до определената дестинација по седум дена. Лименките со Ред Бул ќе можат да ги заменат за се што им треба на ова патување: храна, место за спиење, транспорт, како и за секоја авантура што ќе го направи ова искуство да биде епско. Доколку сте еден од учесниците, ќе треба да креирате своја рута и да ги посетите попатните контролни станици во европските градови, каде што ќе добиете задачи и предизвици за телото и умот. Комплетирањето на овие задачи се дел од Листата на авантури која треба да биде што е можно поисполнета, заедно со постираните слики и видеа за вашите следбеници. Резултатот ќе биде базиран од исполнетите предизвици на контролните места (Checkpoint Challenges), задачи во Листата на авантури (Adventure List), како и оствареното следење на социјалните медиуми.



Дали може лименки на Ред Бул да пренесат универзитетски тим преку континентот? Можат. Во последната едиција на оваа акција во 2014 година, сто тимови успеаја да го проживеат искуството од соништата, притоа добивајќи билети за меч од Лигата на шампионите, како и да се качат на приватен авион!

Треба да аплицирате на следниот начин: соберет тим на тројца пријатели. Секој од вас треба да е студент на универзитет, а потоа треба да креирате едноминутно видео во кое ќе објасните зошто токму вашиот тим треба да биде избран. Тоа ќе го поднесете на веб страната www.redbullcanyoumakeit.com но не подоцна од 14 февруари 2016 година.Осигурајте се да ја споделите вашата љубов за авантура, итроштини, чувството за хумор – секој атрибут што ќе ве направи перфектен избор за да ја освоите Европа со ништо друго освен вашиот шарм и лименките Ред Бул.

Потоа, треба да соберете поддршка, бидејќи екипите што ќе добијат најмногу гласови од секоја земја ќе станат финалисти! Кога периодот на гласање ќе заврши, судиски панел ќе ги селектира победниците од финалистите. Тие ќе бидат поканети да летаат до една од петте точки во Европа и да ја започнат својата авантура далеку од дома, но заедно. Шансата да бидете еден од тие тимови започнува денес.

Посетете ја страницата www.redbullcanyoumakeit.com за сите детали и испратете ја вашата пријава најдоцна до 14 февруари 2016 година.

Повеќе детали за „Red Bull Can You Make It?“

„Red Bull Can You Make It?“ ги предизвикува тричлените тимови на студенти од универзитетите за најголемата авантура во животот. Во 2016 година, вкупно 165 екипи од преку 50 земји во светот ќе имаат една седмица (од 12 до 19 април) за да пропатуваат повеќе од илјада километри низ Европа почнувајќи од една од петте стартни точки, па се до целта во една од најимпресивните престолнини на Европа, користејќи ги лименките со Ред Бул како единствена валута. Дневна програма на Red Bull TV ќе ги следи приказните, а победниците ќе бидат определени преку три фактори: предизвици на контролните места (Checkpoint Challenges), следење преку социјалните медиуми (Social Following) како и комплетирање задачи на Листата на авантури (Adventure List). Не се бара екипа што прва.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование