X
 02.12.2015 Технологија

Откријте што се` Google знае за вас

google

 

Google неодамна објави низа на подобрувања во поле на приватноста и безбедноста, официјално објавувајќи ја „MyAccount“ - на која можете да видете огромна количина на информации со кои Google располага за вас.


Сега исто така можете да ги проверите и вистинските поставки за приватноста и да добиете увид во она што на крајот за вас излегува во светот.

За да откриете што точно Google знае за вас, одете во MyAccount, кликнете на „Your personal info“. Тука можете да го видете вашиот телефонски број, меил и да ја исклучите опцијата да ја следи вашата историја на пребарувања доколку сакате.

Во поставките можете да изберете Google да престане да ја следи вашата локација како и да престане да ги подгтовува вашите гласовни пребарувања и информации од Android, доколку го имате.

Можете да ја исклучите и архивата на Google за вашите YouTube пребарувања и видеа кои сте ги гледале и да преземете копија на сите податоци кои Google ги има за вас.

Корисниците со тоа можат да изберат да не им се прикажуваат реклами, иако Google напоменува дека во овој случај ќе биде „помалку релевантен“.

Google ја претстави и страната за приватност за која ветува дека податоците ќе ги чува безбедно.

„Потребно е да знаете дека не ги продаваме вашите лични информации. Вие ги контролирате сите видови на информации кои ние ги собираме и користиме. На крајот, знаете дека никој не се труди повеќе вашите податоци да останат сигурни и безбедни“.

Ако се прашувате зошто одеднаш толку транспарентност, сетете се дека извршниот директор на Apple, Тим Кук, неодамна ја нападна политиката на Google за безбедност, а ова се чини како совршен одговор.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија