X
 07.12.2015 Живот

Моќни начини на кои може да ја завршите старата година

Секоја година, одлучуваме да бидеме различна личност започнувајќи од 1 јануари. Но, зошто да чекаме до Нова година за да започнеме со позитивните промени? Годинава, предизвикајте се себеси да ја завршите старата година моќно наместо да се надевате дека сè ќе тргне на добро од наредната година. Најмалку што може да сторите е да ја завршите гордо!


Донирајте лични работи кои не ви се потребни.

Направете листа од најдобрите нешта што сте ги направиле годинава.

Направете листа од работите кои би сакале да сте ги направеле, но не сте успеале.

Заблагодарете им се на луѓето кои беа со вас годинава.

Ставете им крај на кавгите за кои не вреди да се расправате.

Извинете се за сите грешки кои сте ги направиле.

Простете им на другите за грешките кои ви ги направиле.

Прифатете ги неуспесите на кои сте наишле годинава.

Направете листа од работи кои ќе ги подобрите.

Бакнете некого.

Некој нека ви недостасува, не се лажете дека е спротивното.

Посетете ја личноста која велевте дека ќе ја посетите цела година.

Поставете си ги тешките прашања кои ги одложувавте.

Престанете да верувате во токсично верување само затоа што другите мислат така.

Направете листа од работи кои ги сакате, но не сте храбри да ги побарате.

Направете план за барање на тие работи во следната година.

Прашајте ги саканите каква била годината за нив.

Направете листа од работи кои ве изненадиле изминатата година.

Направете листа од сè за што се плашите дека ќе продолжи следната година. Запалете ја листата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот