Во близина на Ротердам во Спејкенисе се наоѓа јавна библиотека која се нарекува „планина од книги“. „Планината“ се наоѓа на плоштад во градот и има облик на пирамида составена од 5 катови полици со книги поврзани до скали и премини од 480 метри.
Планината од книги се наоѓа во друга пирамида, чија форма ги потсетува луѓето на агрикултурното минато на градот, кој се развил од мало земјоделско село во образовен и комерцијален центар во последните 40 години.
Книгите може да се видат и однадвор бидејќи зградата е има стаклена фасада со цел да служи и како реклама за промоција и покана за читање, што значи многу во местото.