X
 08.12.2015 Образование

Фрази кои не смеете да ги кажете на студент за време на испитна сесија

Периодот на испити е пред нас. Овој период ги прави студентите поинакви, во најмала рака. Материјалот, стравот од неуспех, недоволното спиење - тоа се само некои од причините за зголемената нервоза кај студентите. Не може да се стори многу за да им се помогне, но она што може да се направи е да не се споменува следново:


Зошто не си започнал со учење порано?

Можеби би требало да ги исклучил социјалните мрежи додека се испитите.

Кога ќе почнеш да учиш?

Навистина тоа ќе го облечеш за во читална?

Можеби би требало да размислиш пред да испиеш уште една шолја кафе...

Би требало малку да отспиеш!

Да одеше редовно на предавања во текот на семестарот и да собираше бодови од активност сега не би морал да размислуваш колку треба да напишеш за 6-ка.

Зашто не се истушираш?

Алкохолот можеби и не ти е најдобар избор во моментов.

Интернетот само ти го одзема вниманието од учењето.

Како ќе се чувствуваш пред тој најтежок испит?

Мислиш ли дека генералката која ја правиш има врска со тоа што не ти се учи?

Зошто си го продал учебникот од тој предмет пред да видиш дали си положил?

Јасно ти е дека професорот не те бутнал намерно, така?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование