X
 09.12.2015 Живот

Временска прогноза до крајот на неделата



Во Македонија наутро појава на магла и ниска облачност по котлините и долините која ќе се задржи во поголем дел од денот. Во западните, југоисточните и крајните источни предели со сончеви периоди и потопло. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од -6 до 4 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 13 степени.

Во Скопје во среда ќе биде магловито и постудено. Услови за сончеви периоди се очекуваат во попладневните часови. Слаб ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна температура до 6 степени.

Во четврток и петок умерено облачно со повремени сончеви периоди и засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе ја крене маглата и ниската облачност. Максималните дневни температури од 2 до 10 односно од 2 до 11 степени. Во сабота и недела претежно сончевои и потопло време, но утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -7 до 1 степен, а максималните од 4 до 15 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот