X
 10.12.2015 Образование

Порано се знаеше кој е наставник, а кој ученик, кој е родител, а кој - дете

Размазените деца стануваат несоцијализирани личности кои не сакаат да пораснат, кои се себични и нарцисоидни, личности кои немаат работни навики и долго остануваат во симбиотска врска родителите. Презаштитените деца пак, растат во пасивни личности кои се плашат од светот, кој го доживуваат како опасно место



Д-р Зоран Миливојевиќ, српски психијатар и психотеравпевт, преку колумни кои ги објавува, се труди со едноставни зборови да соопшти некои психолошки вистини и да ја разоткрие формулата на доброто родителство и партнерство.

- За разлика од таткото на психоанализата Сигмунд Фројд кој ја напиша „Психопатологијата на секојдневниот живот", јас се раководам од идејата дека психотерапијата е промена на уверувањата кои се организирани во мала логика - така настанало името на оваа книга - вели д-р Миливојевиќ.

Тој објаснува дека темите за неговите колумни се инспирирани од фактот дека стануваме се` позбунети со новите правила во меѓучовечките односи.

- Мислам дека до пред 50 години, се знаеше кој е наставник, а кој ученик, кој е родител а кој е дете, кој е мајка, а кој е татко. А потоа дојде до преиспитување на тие улоги, тоа им одговараше на некои општествени групи, но настапи збунетост и конфузија кога се во прашање партнерските односи и воспитувањето на децата. Психоаналитичките студии покажаа дека недостатокот на љубов создава невротични личности. Заради тоа веќе две-три децении доминантен е моделот на попустливо воспитување, но овој модел создава нова патологија, наставнуваат размазени и презаштитени деца. Размазените деца, покрај високата интелигенција стануваат несоцијализирани личности кои не сакаат да пораснат, кои се себични и нарцисоидни, немаат работни навики и долго остануваат во симбиотска врска родителите. Презаштитените деца растат во пасивни личности кои се плашат од светот, кој го доживуваат како опасно место, поради што често остануваат во симбиоза со родителите или со доминантните партнери. Со оглед на тоа дека со години работам како супервизор во словенечките поправни домови, имам потреба да ги предупредам родителите какви последици може да настанат поради погрешен начин на воспитување. Иако многумина мислат дека јас се залагам за строгост, и казнување на децата, јас всушност сакам да ги потсетам родителите дека на децата им треба љубов и дисциплина, затоа што нивна задача е ги подготват наследниците за самостоен живот. Заради тоа се водат најстрасни и најенергични полемики околу текстови чија тема е деца - било да е во прашање телесно казнување, љубов, казни, дисциплина или воспитни стилови - вели д-р Миливојевиќ.

Составен дел на семејната терапија, додава тој, е работата со млади личности во процесот на индивидуализација и сепарација од родителите.

- За семејството од ова поднебје карактеристични се јаките емоционални врски. Главна цел на таа терапија е младите личности да сфатат дека дури по одвојувањето од семејството, стануваат индивидуи - додава докторот.

(Текстот е преземен од zelenaucionica.com)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование