X
 11.12.2015 Живот

2015та е до сега најбериќетна година за играчите на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија

Денес,  на настанот за дружење во претпразничниот период, на кој Државна видеолотарија на Македонија како ќерка фирма на Државна лотарија на Македонија ги презентираше резултатите од првата година на своето работење, беа доделени уште два нови автомобила од семејството на инстант лотаријата.

Александар Миовски од Богданци замина со својот нов автомобил Рено Твинго изгребан на лозот Твингоманија, а Гоце Илиески од Прилеп со новиот Голф 7 од инстант лозот 7ма Брзина.



 

Покрај овие два автомобила на платото покрај картингот беше паркиран и автомобилот Фолксваген Пасат кој беше неодамна доделен на Ирена Стојанова од Скопје. Клучевите од автомобилите ги доделија Генералниот директор на Државна лотарија на Македонија - Владимир Бахчовановски  и Генералниот директор на Државна видеолотарија на Македонија - Дане Кузмановски. Атрактивниот автомобил Фолксваген Пасат кој на инстант лозот Среќни тркала го изгреба Ирена Стојанова од Скопје, веќе е опремен и со сет зимски гуми - подарок од  Мотоцентар, чиј  бренд амбасадор го збогати денешниот настан со вртење на првиот почесен круг на картинг патеката.

Од страна на Државна лотарија на Македонија, пред крајот на 5тата година од приредувањето игри на среќа,  се потенцираше несмалениот интерес на играчите за играта НовоЛото 7/34 и игрите под чадорот на инстант лотаријата. Со задоволство се објави фактот што 2015та ја одбележаа голем број постигнати добивки, меѓу кои четири премии за 7ка на НовоЛото 7/34 и бројни автомобили, скутери и парични добивки до 1.000.000,00 денари. Возниот парк на инстант лозовите брои уште 18 (осумнаесет) автомобили Рено Твинго од инстант лозот Твингоманија, 6 (шест) автомобили Фолксваген Пассат од инстант лозот Среќни тркала и 1 (еден) автомобил Голф7 од инстант лозот Седма брзина. Во паричните добивки на лозовите Детелинка, Среќни коцки и Хороскоп.

Државна лотарија на Македонија ја нарече оваа 2015та година како до сега најбериќетна за играчите и најави дека се подготвени во тој дух и да ја завршат годината со уште повеќе доделени добивки во тек на преостанатите денови. Најавено беше и дека се подготвува посебно празнично издание на играта на среќа НовоЛото 7/34 при што за прв пат во една емисија ќе се овозможат три извлекувања до постигнување на 7ка, а за што играчите ќе можат да учествуваат со едно уплатено ливче. Ова е со надеж дека во 2015та за првпат ќе имаме 5 (пет) постигнати 7ки и уште еден добитник ќе влезе како нов милионер во новата 2016та година. Колото ќе се реализира на 30ти декември, а уплатата за ова коло ќе почне порано, паралелно со редовните кола, за што ќе следи дополнително известување.

ЗА  ДОБРО !
Државна лотарија на Македонија

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот