X
 11.12.2015 Конкурси

Конкурс за награда за постигнат највисок резултат на TOEFL во текот на 2015 година

Фондацијата Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски како верен поддржувач на талентираните и трудољубиви млади, објавува конкурс со којшто ги повикува и охрабрува сите оние кои го полагале TOEFL испитот во текот на 2015 година да ги споделат своите резултати и да освојат награда – iPad.



Апликантите треба да исполнуваат само еден услов, а тоа е да го имаат полагано TOEFL испитот во 2015 година.

Резултатите треба да се испратат на info@gafondacija.mk во форма на принт скрин од повратниот официјален мејл од TOEFL во рок од 10 работни дена по објавата на овој конкурс.

Фондацијата се стреми кон промовирање на македонската култура во регионот, како и вметнување на американската култура во Р. Македонија. За целите на овој проект како појдовна точка е земен јазикот којшто е основно обележје на секоја култура. Владеењето на повеќе јазици покрај мајчиниот е предност која ветува големи успеси, од базичната секојдневна социјализација до високо - професионалните односи. Од оваа причина и со надеж за мотивација на младите да ги усовршуваат странските јазици, а особено англискиот како “светски” јазик, Фондацијата одлучи да го награди најдобриот резултат на TOEFL испитот за 2015 година.

Фондацијата ги презема сите обврски околу обезбедувањето и доделувањето на наградата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси