X
 14.12.2015 Култура

Фасцинантната приказна за човекот кој зборува 20 различни јазици

јазик

 

Постојат луѓе за кои воопшто не е тешко учењето на неколку различни јазици, а постојат и такви кои се борат со тоа со децении. Но, она што голем дел од луѓето не го разбираат е дека успехот или неуспехот не се само определени со вродената способност, туку и со способноста да учат.


Тимот Донер е најмладиот полиглот во светот кој дава неколку совети во неговата статија. Тој пишува не само за оние кои се заинтересирани за јазиците, туку и за нивната важност во зближувањето на луѓето преку нив.

„Во текот на изминатите неколку години медумите ме именуваа како „Најмладиот хиперполиглот во светот“ - збор кој звучи како ретка болест. На некој начин тоа и е: опишува некој кој зборува голем број странски јазици, некој чијашто страст за зборови и системи може да доведе до поминување на доста време сам со граматиката.

Додека е вистина дека можам да зборувам 20 различни јазици, вклучувајќи го и англискиот, повеќе време ми беше потребно да сфатам дека течноста е уште една вештина.

Јазичното образование го започнав на 13 години. Се заинтересирав за Блискиот Исток и започнав сам да учам хебрејски. Од причини кои се`уште не ги разбирам, јас наскоро станав опседнат со фанк групата „Hadag Hachash“ и го слушав истиот албум секое утро. На крајот од месецот, запомнив 20-тина од нивните песни напамет - иако воопшто не знаев што значат. Но, откако го научив преводот, беше исто како да сум симнал речник во мојата глава; знаев неколку стотици хебрејски зборови и фрази - и не морав никогаш повеќе да отворам книга.

Решив да експериментирам. Поминав часови шетајќи низ моето њујоршко соседство, посетуват изралески кафулиња за да прислушувам разговори меѓу луѓето. Понекогаш, дури имав и храброст и да се претставам, преместувајќи ги сите текстови од песните во мојата глава во нови, чудни и повремено точни реченици. Како што изгледаше, бев на добар пат.

Од израелски се префрлив на арапски - јазикот го учев секое утро читајќи ги насловите на вестите со речник и разговарајќи со улични продавачи. После арапскиот следуваше персискиот, па рускиот, па мандаринскиот и уште петнаесет други. Денот ми поминуваше на Скајп во разговор со моите турски и француски пријатели, слушав хинди поп музика еден час и вечерав со грчка или латинска книга во скутот. Јазикот ми стана опсесија, нешто што го учев во текот на летото, додека бев на училиште, веб форумите итн.

До март 2012 година медуимите како Би-би-си и Њујорк тајмс започнаа да пишуваат приказни за мене. „Момчето што зборува 20 јазици“ беше главниот наслов. Некое време сето тоа беше фантазија; моето „бизарно“ хоби стана мејнстрим и ми даде совршена можност да го промовирам учењето на јазик.

После некое време, медиумските моменти започнаа да се ужасни задолженија отколку можност да се прошири зборот. На тој начин сфатив дека целта на современите медиуми е само да го привлечат вниманието на гледачите, а вистинското значење на приказната често се губи во преводот.

Кога почнав да ги откривам јазиците, имав романтичарски поглед на зборовите како „зборува“ и „течно“. Но, потоа сфатив дека номинално можеш течно да го зборуваш јазикот, но сепак се`уште да се бориш да разбереш делови од него. Англискиот е мојот прв јазик, меѓутоа оној јас што го зборував беше хибрид од тинејџерски жаргон и менхетеншки дијалект. Кога го слушам татко ми, кој е адвокат, како разговара са адвокатите, неговите зборови звучат непознато за мене исто како да зборува на фински јазик. Сигурно не можам да го зборувам јазикот на Шекспир без речник, а би бил исто беспомошен во соба со Јамајканци. А сепак, сите ние зборуваме англиски.

Мојот наставник по лингвистика кој е од Полска, зборува англиски подобро од мене. Но, тој не разбира збор како „tethered“. Дали тоа значи дека тој не знае да зборува на англиски? Ако стандардот на зборување на јазик е да се знае секој збор - тогаш скоро никој не зборува течно на мајчиниот јазик.

Сведувањето на личноста според бројот на јазици на кои тој зборува ја тривијализира огромната  моќ која ја дава јазикот. Впрочем, јазикот е живо сведоштво за културата и историјата за тоа како човештвото гледа врз светот, а не е трофеј.

Јазикот е сложена таписерија на трговија, освојување и култура на која секој додава свое уникатно парче - без разлика дали тоа е шекспирова сонета. Моето време во медиумите ме натера да сфатам дека со тоа што велиш дека можеш да зборуваш на странски јазик значи многу работи: може да значи дека си ги запомнил глаголите, дека знаеш сленг. Но, сфатив дека никогаш нема да зборувам течно на 20 јазици, меѓутоа и сфатив дека јазикот има цел да ги поврзе луѓето, да гледаат подалеку од културните граници и да пронајдат заедничка човечност. А оваа лекција навистина вреди да се научи“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура