X
 16.12.2015 Образование

Премиерот најави бесплатно патување низ Европа за студентите со просек 9.5

Студентите со просек 9,5 ќе добијат бесплатно патување во Париз, Венеција или Барселона од следната година, најави денеска премиерот Никола Груевски.



- За сите студенти што имаат просек над 9,5 на првите три рангирани универзитети бесплатно патување со авион и ќе се покрие целото патување вклучувајќи го сместувањето, храната, авионскиот превоз и се останато што влегува во еден таков аранжман на три дестинации за кои проценивме дека се меѓу најатрактивните за патување на младите. Тоа се Париз, Венеција и Барселона. Ќе има две тури годишно. Едната ќе биде некаде во периодот мај-јуни, втората во периодот септември, најдоцна почетокот на октомври - рече Груевски.

Груевски потенцира дека тоа е поттик за младите да се борат, да имаат подобар резултат во своето учење, да акумулираат повеќе знаење и да имаат една награда повеќе и еден стимул повеќе. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование