X
 17.12.2015 Живот

Волонтери од Македонски Телеком ќе им донесат радост на 2000 деца низ Македонија



Денес во Детската клиника во Скопје почна традиционалниот Новогодишен караван на Фондацијата Телеком за Македонија. Караванот, кој се одржува веќе тринаесет години, годинава ќе израдува над 2000 деца низ Македонија.

Организиран од волонтери, вработени во Македонски Телеком, Новогодишниот караван ќе ги посети најранливите групи на деца: деца без родители, деца со посебни потреби, со оштетен слух и вид, деца со инвалидитет, деца од социјално загрозени семејства и болни деца сместени во здравствени институции.

Дружењето со децата и дарувањето е традиција за вработените во Македонски Телеком и овој период на годината за нив е асоцијација за Новогодишниот караван. Некои од нив се дел од оваа хумана активност со години, а годинава караванот ќе го реализираат над 50 волонтери.

Од денес, па сé до крајот на декември ќе делат Новогодишни пакетчиња и ќе организираат претстави во семејства и институции. Секоја година се менуваат институциите за да се посетат што повеќе деца, со една цел да им се донесе радост и Новогодишна атмосфера на оние деца на кои им е најпотребно.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот