X
 18.12.2015 Живот

Идејата на еден јапонски град за целосно чистење на отпадот до 2020 година

Во просек, еден модерен град произведува илјадници тони ѓубре секоја година, а голем дел од ѓубрето завршува во депонии, се гори со што предизвикува загадување на воздухот или уште полошо, завршува во океаните, оштетувајќи го морскиот живот.

 

град


Сите три методи за отстранување на отпадот му наштетува на екосистемот и на мајка природа. Иако светот спречил 87.2 милиони тони отпад негативно да влијае врз животната средина преку рециклирање и компостирање во последниве години, сепак еден јапонски град концептот „НУЛА отпад“ ќе го носи на едно сосема ново ниво.

Градот Камикатсу со 1.700 жители, ќе стане првиот град во Јапонија кој воопшто ќе нема отпад, практикувајќи намалување, повторна употреба и рециклирање - нешто што повеќето градови не го користат, а треба. Иако се чини за доста невозможна задача, сепак не е, но „нула отпадот“ значи сосема различни ставови и збир на активности во кои секој граѓанин треба да учествува. Еве како Камикатсу ќе го спроведува овој метод:

- Отпадот кој може да се рециклира е поделен во 34 различни корпи. Ова значи дека не само што постои одделна корпа за хартија и пластика, туку и за стари мобилни телефони и електроника, контејнери за храна, па дури и материјали како железо, калај и алуминиум кои можат да се рециклираат.

- Во моментот само 20% од отпадот во градот оди во депонија, а целта на градот до 2020 година тоа да биде 0%. Претходно, јапонците едноставно го гореле отпадот со што ја загадувале природата, такашто ова е огромен напредок во менаџментот на отпадот како и голема услуга за екосистемот.

 

grad


- Граѓаните го носат нивниот отпад кој веќе е сортиран, во центрите за рециклирање, бидејќи градот не го прави тоа за нив. И тоа каква одговорност за подобра планета! Наместо да чекаат градоначалникот или други официјални лица да одобрат закон за рециклирање, граѓаните на овој град сами презеле иницијатива. „Ако се навикнеш, станува нормално. Сега не размислувам воопшто за тоа. За нас сега е природно одделувањето на отпадот“, вели еден граѓанин.

- Градот има фабрика која пронаоѓа начини за повторна употреба на предметите кои биле фрлени и кои повеќе не се корисни во нивната моментална состојба. Се прави нова облека од стар материјал, и се прават подароци од предметите кои би можеле да завршат во корпите за отпадоци.

- Градот исто така има „циркулар“ кој може да се спореди со одделите на „Craig's list“ кадешто луѓето се охрабрени да дадат листа на предмети кои сакаат да ги заменат или да им ги дадат на другите, кога повеќе не им се потребни.

Веб страната Zwia.org или пак Меѓународната алијанса за отпад има многу повеќе идеи за тоа како еден град може да го намали отпадот што го создава. Дури и бизнисите се обидуваат да пронајдат начини како да ги рециклираат или повторно да ги употребат нетоксичните предмети за да не бидат согорени или испратени во депониите.

Ако овој мал јапонски град може да го направи ова, тогаш сите можеме да замислиме индустриски систем во кој ништо не „умира“ или ништо не е фрлено. Високо „неприродниот“ процес на хемиски инженеринг, производство, пакување, дистрибуција и отстранување влијаат врз состојбата на природата, кадешто се` е обновлив ресурс. Ова е сон за одржливоста кој може да се претвори во реалност.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот