X
 18.12.2015 Култура

Планот на Њу Делхи за намалување на загаденоста


Властите во главниот град на Индија, Њу Делхи, се решени да го намалат загадувањето во градот. Њу Делхи во моментов најлошиот од сите градови во светот во поглед на воздухот. Возилата, централите и индустриските фабрики се главните причини за проблемот.

Следниот чекор на владата е забранување на користењето на возилата во однос на бројот на регистрацијата. Овој метод веќе се користел во повеќе градови како Лагос и Пекинг. Сите приватни возила ќе имаат право да бидат користени на соодветни денови во однос на нивните броеви на регистрацијата.


Владата изјави дека возилата со регистрација со парен број ќе возат на парните денови, а непарните броеви на регистрација ќе значат дозвола за возење во непарните денови.

Се проценува дека во градот секојдневно се користат околу 2,7 милиони автомобили.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура