X
 20.12.2015 Образование

За наредната година се обезбедени 11.200.000 евра за 40 видови стипендии

За наредната 2016 година се обезбедени 11.200.000 евра за 40 видови стипендии, соопшти денеска премиерот Никола Груевски по посетата на локацијата каде ќе се гради нов објект за студенсткиот дом „Невена Георгиева-Дуња“ (Медицинар).


– До 2005 година ние имавме, се на се од пет до седум видови стипендии. Сега има 40 видови стипендии за високо образование и за средно училиште. До 2005 година имаше одредена сума на пари којашто се даваше за стипендии. Сега таа е триплирана, 11.200.000 евра се предвидени за следната 2016 година од буџетот за стипендии, и за средношколци, и за студенти. Тоа е три пати повеќе од 2005 година, и веројатно, се шест-седум пати повеќе видови на стипендии отколку што имаше во 2005 година, рече Груевски.

Би било добро покрај овие најави да се поработи малку и на тоа навремено да се исплаќаат стипендиите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование