X
 21.12.2015 Живот

Македонски телеком со специјална награда на "Твитер и блогираме награди"



Во петокот во кино Фросина се одржа завршната церемонија на четвртите по ред „Твитер и блогираме награди“ кои имаат за цел да ги соберат на едно место сите најдобри твитерџии и блогери. Најдобрите беа наградени во 26 различни категории. Во изминатиот период за нив можеа да гласаат сите кои имаат свој блог или твитер профил. Оваа година Македонски Телеком додели и специјална награда која се однесува на акцијата „Ретвитни оброк“, а која беше волонтерска иницијатива на Твитер заедницата да готват еднаш неделно топли оброци за бездомниците.

„Уште една успешна и плодна година за нас блогерите и твитерџиите одлично заокружена со овој настан кој ни овозможи сите да се собереме на едно место и да си подадеме рака за најдобрите и најпопуларните постови и блогови кои ја одбележаа годината која измина. Сакам да и се заблагодарам на целата Твитер заедница која пројави интерес да земе учество во изборот на победниците како и за целата креативна енергија која се канализира на социјалните мрежи“, изјави Јован Димитров еден од основачите на Блогираме.мк.

Сите добитници на наградите можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот