X
 23.12.2015 Наука

Како Илон Маск планира да не` однесе на Марс во следните 5 години?

Американската стартап-компанија „SpaceX“ на Илон Маск завчера влезе во историјата.


Имено, првиот тим кој успешно спушти ракета од вселената на земјата вертикално е од компанијата. Тоа би можелo да биде првиот чекор кон производството ракети кои би можеле да се користат повеќекратно. Освен тоа, оваа ракета нè води чекор напред кон колонизирање на Марс. А, Илон Маск се труди тоа да биде што побрзо.



Како што кажал за „GQ“, секоја седмица во компанијата започнува со дискусија за „архитектурата на колонијалниот транспорт за Марс“. Компанијата веќе ја менува индустријата. Тие веќе имаат откриено начин на производство ракета за само дел од трошоците потребни за стандардното производство, а сега и докажаа дека ракетата може да се спушти на Земјата вертикално и со мали поправки да се користи повторно.


Колонизацијата на Марс за Маск е императив. Тој вели дека тоа е за него многу инспиративна авантура, но и прашање на долгорочно преживување на човештвото. Развојот на ракетата за повеќекратно користење е само првиот чекор до Марс на Маск.

Следниот чекор е создавање иста таква ракета која ќе може да пренесува голем број луѓе и тежина до Марс. Потоа, се работи и на финансиите. Маск сака да пресмета колку би требало да се плати за патување до Марс.


Во своите планови, компанијата на Маск предвидува дека првите астронаути на Марс ќе бидат таму за 5 години. Кон крајот на следната година би требало да биде претставена и прототип на превоз кој се основа на погонска ракета и вселенски брод.

Маск има стратегија и за „форматирање“ на астмосферата на Марс за да може да се дише во неа. Тој вели дека мразот би требало да се претвори во вода и планетата би требала да се засади со растенија кои би го претворале јаглерод диоксидот во кислород, а еден можен почеток е активирање на термонуклеарни бомби над половите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука