X
 23.12.2015 Образование

Зошто финските ученици се меѓу најдобрите во светот?

деца

 

Во Финска образованието е бесплатно за сите деца - учениците во училиштата имаат бесплатни оброци, социјално и здравствено осигурување и бесплатни учебници. Училиштата плаќаат за кампување, излети и театар.


Како голема предност во финското образование се покажа и тоа што децата немаат домашни задачи се` до не наполнат16 години, а тогаш го полагаат и првиот стандардизиран тест. Паузите помеѓу секој час се 15 минути, децата избираат изборни предмети според нивните интереси. Македонските ученици во просек на училиште се околу 6-7 часа, а потоа уште 2-3 часа поминуваат пишувајќи ги домашните задачи.

Според истражувањата, финскиот систем е најдобар поради добрите наставници - сите имаат магистратура и уживаат доста почит, додека во нашата земја и не е баш така; најголемиот проблем е тоа што на нашите наставници им е врзана слободата и нивната креативност.

Во Финска децата сакаат да одат на училиште, и за нив тоа претставува задоволство, бидејќи наставникот сака да работи бидејќи има слобода сам да го смисли предавањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование