X
 24.12.2015 Образование

Писмо на една наставничка: "Драги ученици, не очекувам да бидете совршени"

Секогаш мислиме дека професорите бараат премногу од нас и сакаат да покажуваме совршени резултати, но се чини дека тоа не е случајот. Иако постојат такви кои се перфекционисти, поголемиот дел од нив не се такви.


Едно писмо од наставничка до своите ученици ја воодушеви јавноста неделава. Писмото било наменето до учениците кои допрва треба да ги запознае, а особено се посветува внимание и на учениците со дислексија.

„Драги ученици, Почестена сум и возбудена што ќе бидам ваша наставничка во петто одделение. Својата работа ја сфаќам прилично сериозно, но иако се трудам и јас некогаш знам да наидам на препреки. Ова се неколку работи кои мора да ги знаете:

1. Јас не сум била совршен ученик, па не ни очекувам да бидете вие.

2. Сите учиме различно, а оваа година се надевам дека ќе ми помогнете да сфатам како најдобро да ве научам.

3. Правилниот изговор на зборовите и брзото читање може да го олеснат учењето, но тоа нема никаква врска со интелигенцијата. Ќе ви помогнам побргу да ги изговарате зборовите и брзо да читате, но интелигенцијата сепак е нешто покомплексно. Некои од најголемите мислители имале проблеми со училиштето. Немојте да се обесхрабрите!

4. Слободно кажете ми ако се мачите со некои делови од материјалот бидејќи трудот некогаш може да биде невидлив. Би сакала да имам кристална топка, но за жал, ја немам. Кажете ми ако сум ви дала некоја задача која ви се чини тешка бидејќи тогаш можеме заедно да ја решиме можеби на некој друг и креативен начин.

5. Некогаш брзам бидејќи премногу се возбудувам за некој материјал или сум преамбициозна. Кога ќе се случи тоа, предупредете ме за да успорам. Сите од одделението ќе го ценат тоа како и јас.

6. Се радувам на тоа што ќе откријам што ве мотивира и ме интересираат вашите соништа во врска на училиштето, но и надвор од училиштето. Ќе се обидеме да ги споиме тие соништа и поради тоа ќе најдете задоволство во учењето.“


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование