X
 26.12.2015 Образование

Шведските ученици не учат за војни и битки, но знаат да истражуваат на интернет во 5-то одд.

Децата во Шведска не се грижат за учење за робовладетелството во стара Грција, војните, датумите на битките итн. Но, тие совршено пресметуваат, до шесто одделение знаат да свират барем на еден инструмент, а учат и да глумат, шијат и готват. Хрватскиот портал „Индекс.хр“ носи интересна приказна за шведскиот образовен систем.


„И додека учениците во Хрватска сè уште острат моливи, а родителите им се задолжуваат за да купат училишни учебници, нивните врсници во Шведска на училиште имаат ајпеди, а сите учебници со приборот им се потполно бесплатни. Наставата се одвива само во една претпладневна смена. Учениците на компјутерите работат веќе од првото одделение, а со интересни анимазии со леснотија усвојуваат нови знаења.

Веронаука во училиштата нема, учениците не се оптеретуваат со учење за историски битки и војни, но затоа од нив се бара веќе од пониските одделенија да бидат вистински мали истражувачи и да работат на проекти кои сами ги одбираат. До крајот на основното училиште сите мора да научат да пливаат, да свират еден инструмент, да готват, да шијат и да се снаоѓаат во цела низа практични животни ситуации“, пишува порталот.

Од текстот дознаваме и дека во Шведска се учи странски јазик од прво одделение и со компјутерите се учат буквите, но и се решаваат задачи, се пишуваат текстови, се читаат книги. На 25 ученици следуваат двајца наставници.

Училиштето започнува во 8:15 и завршува најдоцна до 15 часот попладне. Децата на вработените родители може да останат на дневен престој до 18 часот, а таму имаат спортски активности и културни настани. Таму, децата не помнат датуми и не учат за војни.

Од прво до шесто одделение од основно училиште, секое дете учи да свири на барем еден инструмент. Во петто одделение учат како да направат презентација, да истражуваат на интернет или во библиотека. Веќе во седмо одделение самостојно составуваат електрични уреди, а во осмо одделение секое дете знае да зготви ручек и да се снајде со многу животни ситуации.

Наместо оцени, во шведските училишта во прв план се ставаат здравјето и правилниот развој на детето. Еден училишен час трае час и 15 минути, а по него следи половина час пауза. Секој одмор се поминува надвор. Напролет секое одделение има државен тест, чија цел е учениците да добијат јасна слика за совладениот материјал.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование