X
 28.12.2015 Живот

Македонски Телеком и град Скопје со одлична програма за новогодишната ноќ


     
Одбројувањето до новата 2016-та година полека се ближи, претпразничната атмосфера и новогодишниот декор веќе се насекаде околу нас, а Скопје блешти во својот новогодишен изглед. Како што веќе беше најавено за најлудата ноќ се подготвува спектакуларен концер во организација на Градот Скопје и Македонски Телеком кои ќе донесат две големи естрадни имиња и тоа нашата фантастичната поп дива Тамара Тодевска, и легендарниот мајстор на безвременски балади, господинот Оливер Драгојевиќ!

Забавата е закажана на плоштадот Македонија со почеток во 21 часот кога атмосферата прво ќе се загрее со ДЈ, а по него, во 21:30 свој настап ќе има Тамара.

Во 22:30 започнува Оливер Драгојевиќ, со чија прекрасна музика ќе ја пречекаме Новата 2016, заедно со големото одбројување и големиот огномет. Од 1 часот по полноќ, големта забава продолжува со ДЈ сет.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот