X
 30.12.2015 Наука

Комета Каталина за Нова Година - единствена шанса да се види во нашиот животен век

Новогодишната ноќ ќе биде ноќта кога сите ние ќе може да видиме космички настан кој се случува еднаш во животот. Една од најубавите комети кои сме ги откриле досега, кометата Каталина, ќе поминува покрај Земјата во текот на следните неколку недели. Ова ќе биде првиот и единствен пат кога кометата ќе поминува во внатрешноста на нашиот сончев систем.


Најблиску до Земјата кометата ќе биде на 17 јануари 2016 година, но ќе сакате да ставите двоглед во чантата за Новогодишната ноќ или на 1 јануари, кога кометата ќе се движи во близина на Арктур, една од најсветлите ѕвезди на небото.

Кога и да одберете да погледнете нагоре, имајте помошни алатки бидејќи кометата, иако светла, може да не биде видлива со голо око од некои страни на Земјата. За северната хемисфера, најдобриот датум за гледање е ноќта на 17 јануари, кога кометата ќе биде оддалечена од нас 100.000.000 километри.



После овој датум, кометата ќе се оддалечи од Земјата и ќе биде потешка за забележување.

Како што вели астрономот Фил Плејт, она што ја прави кометата посебна е перспективата од која ќе ја видиме. Имено, кометата изгледа како да има две опашки насочени во различни насоки.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука