X
 31.12.2015 Култура

Ова е наше Скопје!

Студентките Амина Кадриќ и Јулинда Гега заедно работеа на видео проект на универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје. Се работи за проект кој се одвивал во рамки на предметот Урбан дизајн 1.


Кадриќ и Гега работеле на истражување и анализа на историската оска Север-Југ во градот Скопје. На проектот се работело околу 3 месеци, а резултатот е едно видео во кое се гледа амбиентот во секој дел од оската Север-Југ, како и навиките и рутините на жителите во истата.

Биле истражувани сите културни објекти долж оската, односно секој објект кој е значаен и кој дефинира одредено време во овој град. Во видеото се покажани и фотографии на кои се прикажани делови од оската на кои можеби малкумина обрнале внимание, како пракови вовлечени во атриумите на објектите итн. Сето ова е составено по хронолошки редослед.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура