X
 15.02.2022 Живот

Во Парагвај се гради колонија од антиваксери и противници на социјални трендови

Во Парагвај се создава цела колонија од имигранти кои сакаат да избегаат од „матрицата“ на општеството. Колонијата се создава во најсиромашниот регион на Парагвај, Газапа, од страна на имигранти кои бегаат од социјалните трендови, како и 5Г, хемикалии, флуорирана вода и задолжителни вакцини.

Колонијата е наречена „Ел Параизо верде“, што се преведува како зелен рај. Таа била основана во 2016 година од страна на австрискиот пар Силвија и Ервин Анау. Тие ја направиле колонијата за да создадат подобар живот и подобра иднина надвор од „матрицата“ и таа претставува прибежиште за конзервативните слободни мислители.


Во колонијата најмногу живеат бегалци од Германија, Австрија и од Швајцарија, а многу од нив дошле тука поради мерките за спречување на ширењето на ковид-19. Колонијата е оградена и има обезбедување, а во видеа објавени на „Јутјуб“ се гледа како жителите вежбаат јога, одат на училиште или уживаат покрај езеро.

Во колонијата има место за 6.000 луѓе кои може да живеат во повеќе села и град, во кој би можело да собере и повеќе жители. Во моментов таму живеат околу 150 жители. Само во 2020 година се доселиле над 100 лица.

Според основачите, тие не се против вакцинирањето, туку се борат за правото на избор кога станува збор за супстанциите што се внесуваат во телото.

Извор: Insider
Фото: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот