X
 15.03.2020 Наука

Амазонската дождовна шума може да исчезне во текот на нашиот животен век

Дождовната шума на Амазонзија, најголемата дождовна шума во светот која зафаќа површина од над 5 милиони километри, веќе со децении е под ризик за уништување и експлоатација. Но научниците сметаат дека оштетувањето на шумата добива уште поголемо значење.

Во ново истражување е објаснето колку брзо може да исчезне најголемиот екосистем откако ќе ја постигне критичната точка на вриење. Колку е поголем екосистемот, толку побрзо може да се смени. А Амазонија може да ја стигне точката на вриење и да исчезне за 50-ина години.


Фото: Pixabay

- Го поминавме светот барајќи податоци кои ги нарекуваме смени на режимот, односно информации каде што екосистемот се сменил од една во друга состојба - вели Сајмон Вилкок, предавач во Универзитетот „Бангор“ во Велс.

Тие промени претставуваат, на пример, претворање на езерата во пресушени мртви зони, белеење на коралните гребени и претворање на африканските пасишта во пустини.

- Го користиме секое истражување за да направиме врска помеѓу времето кога настанувале колапси и големината на екосистемите. Од тие информации може да потврдиме за колку време ќе настане колапсот - вели тој.

Кога екосистемот е деградиран подолг период, стигнува до точка на вриење кога огромните промени стануваат неизбежни. Вилкок тврди дека со уништувањето на шумите се намалуваат дождовните врнежи и шумата станува потопла, што доведува до нејзино претворање во савана.


Фото: Pixabay

Дождовната шума моментално е дом на околу 10 милиони видови суштества и е најголем произведувач на кислород. Постојат шанси критичната точка да биде постигната во 2021, но е тешко да се идентификува пред катастрофалниот колапс. Откако критичната точка ќе биде постигната, Амазонија може да исчезне во рок од 50 години.

Можно е и исчезнување на други големи екосистеми, како карипските гребени. Поради брзината на колапсот, важно е да се внимава на климатските промени и да се преземат други мерки за да се заштити екосистемот. Вилкок смета дека треба да се дејствува брзо и сложно за да се избегне уништувањето на шумите, како што беше при пожарот во Амазонија минатата година.

Не смееме да трошиме децении преговарајќи за климатските договори помеѓу земјите бидејќи трошиме непроценливо време.

Автор: Адел Питерс
Извор: fastcompany.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука