X
 15.03.2021 Колумни

Колумна: Зошто одиме на училиште?

Ако треба да сториме една работа за децата, тоа е да направиме да се чувствуваат вредни и ценети!

Пишува: Сумеа Рамадани, студент на консултативна психологија на Универзитетот „Хачетепе“ во Анкара, Турција

Училиштата се создадени за да ја задушат душата на детето и да обезбедат негово потчинување на авторитетот.

Во 18 и 19 век имало големи социјални бранови во светот. Во тоа време немало социјална средна класа како што е класифицирана денес. Средната класа се појави кон крајот на Втората светска војна како резултат на смените на даноците. Пред тоа луѓето биле или многу богати или многу сиромашни. „Владејачката класа“ биле богатите водачи и аристократијата. Најмоќното кралство во тоа време било Англиското Кралство. Работничката класа во Америка се побунила против Англија и успешно ја постигнала целта. Најмоќната армија од тоа време беше војската на Прусија, односно денешна Германија, дел од неа предводен од Наполеон иницира обновување на Прусија, а од друга страна во Франција почнува востанието за слободниот пазар. Богатата класа почнува да се тресе, започна да ги казнува со разни методи, како што се затвор, тепање и сл., но овој пат ни тоа не функционираше, луѓето не молчеа. Аристократската класа почна да ја зафаќа страв од смрт. Во 1760 година кралот Фридрих Втори од Прусија и кралицата Марија Тереза ​​од Австрија се состанаа за да најдат радикално решение за проблемот. Двајцата, земајќи го советот на филозофот Шлабрендорф, основаат училишта од денешниот формат.

Пред овој настан, она што се нарекуваше училиште беше нешто што им припаѓаше само на богатите и беше во сократовската методологија на „дај и земи“ (give and take).

Таа година одењето во училиште стана задолжително за сите од сиромашната класа. Обврска од поригорозна природа со која се даваше право деца да се испраќаат на училиште сосила или, пак, со закана со оружје. Родителите што не ги испраќале своите деца на училиште биле осудени на затворска казна.

Целта на Шлабрендорф беше да го отстрани системот „дај и земи“ и да воспостави хиерархиски систем (одгоре-надолу; наставник-ученик). Замислете место каде што има авторитет, рангирање и секој студент има одредено бројче. Ова му дава на детето порака дека ние сме предмети, пред нас има информација и ние мораме пасивно да ја апсорбираме таа информација. Колку повеќе му се предаваме на авторитетот и колку повеќе апсорбираме информации од него, толку сме вредни.

Системот за оценување беше земен од фабричкиот систем каде што целта беше да се формираат добри работници за фабриката. Фабриките работат со системот „pass and fail“, на пример, ако купите еден пар чевли и не ви се допаѓаат, можете да ги вратите и да земете други. Значи, детето мора да стане како што сакаат другите (авторитетите). Друга карактеристика земена од фабриката е училишното ѕвонче. Сите заедно влегуваат и излегуваат од некој објект. Денес го прифаќаме ова како нешто најнормално, дури и прашуваме како може да биде поинаку? Училиштата на Монтесори се поинаков пример, детето може да седи каде сака и како сака. Овие деца доаѓаат доброволно на училиште затоа што никој не им наметнува ништо и не ги тера на нешто што не сакаат.

Во 60-тите години на 18 век беше направен планот за кревање рака пред зборување и дури пред размислување. Ние не можеме да размислуваме без дозвола од авторитет. Образованието наместо да функционира како целина, почна да го спроведува линеарниот начин. Дотогаш немаше специјалист за одредена област, постоеше општа култура на информирање. Целта на овој систем е да се направи детето секогаш да се чувствува несигурно. Процената на испитите не кажува 80 точни одговори, туку кажува 20 грешки. Тие треба да ни ги кажат само нашите грешки зашто ние сме грешка. Грешките се обележани со црвена боја, така што секогаш треба да ги исправиме. Внатрешноста на наставната програма беше контролирана од државата, така што државата ги индоктринираше мислењата на луѓето.

Оваа методологија се прошири многу брзо низ цела Европа и стигна до Америка. Америка првично се жалеше велејќи дека тоа е нешто многу скапо, но потоа се согласи. Сопствениците на железниците во Америка се спротивставија под изговор дека ако сите добијат образование, кој ќе работи на пругите? Тогаш еден политичар по име Вилијам Харис испратил писмо до сопственикот на железничката пруга Елис Хантингтон во кое напишал: „Не грижете се, овој систем нема да создаде образовани луѓе кои можат да истражуваат и да критикуваат. Овој систем ќе создаде потчинети работници кои ќе ги извршуваат вашите наредби“.

Споменав за училиштата на Монтесори. Марија Монтесори е една од првите докторки во Италија, таа работела со деца со посебни потреби. Таа ги замолила своите асистенти да ги третираат овие деца со почит, но за многу кратко време го посведочила нивното подобрување и развој. Во 1907 година Марија Монтесори отвора дом каде што нема да има хиерархија во текот на наставата. Децата во оваа куќа учат да читаат и пишуваат уште од 4,5-годишна возраст. Таа вели дека учењето е и треба да биде природен процес. Новороденчето има волја и љубопитност да научи сè и сешто, но овој систем ја уништува оваа способност. Овој систем нè научи дека сме вредни само додека задоволуваме некој авторитет.

Ако треба да сториме една работа за децата, тоа е да направиме да се чувствуваат вредни и ценети!

Запомнете, детството трае со милиони години!

Издвојуваме

Колумни