X
 15.03.2021 Наука

Забележани се 17 растенија за кои се верувало дека се исчезнати

Ново истражување објавено во списанието „Нејчр плентс“ посочува дека 17 растенија за кои се сметало дека се исчезнати, всушност, сѐ уште се присутни во природата.

- Седумнаесет европски ендемични видови растенија се сметаа за исчезнати, но подобреното знаење во областа на таксономијата и распространетоста, како и активностите за ex-situ конзервација им го отстранија статусот на исчезнати - истакнуваат авторите на новата студија.

Но, само затоа што се утврдило дека не се исчезнати, не значи дека се безбедни.

- Очигледно вестите се фантастични кога ќе се утврди дека некои растенија не се исчезнати, но тие сѐ уште се критично загрозени - истакна ботаничарот Рафаел Говaртс од Велика Британија, кој не бил вклучен во студијата.

Како биле откриени овие видови?

Џулија Албани Рокети, биолог и докторанд на Универзитетот „Рома Тре“ во Рим, и нејзините колеги почнале да истражуваат дали сите растенија што биле на листата со исчезнати навистина се исчезнати. Тие почнале со листа од 36 официјално исчезнати видови, составена од национални црвени листи, студијата на Говартс и други известувања.

Потоа повторно ги провериле во ботанички градини, архиви и други институции и забележале неточности кои довеле до заклучок дека 17 растенија за кои се мислело дека се исчезнати, всушност, не се.

Сепак, останува да се види дали тие растенија ќе достигнат самоодржливи растителни популации уште еднаш. Иако можеби не се исчезнати, нивните популации се во опаѓање и мора да се направат напори за да се осигури нивна заштита.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука