X
 15.04.2015 Образование

Бесплатни онлајн курсеви за сите љубители на историјата

Интернетот го револуционизира начинот на кој учиме, ни дава пристап до информациите до невиден степен. Постојат тони бесплатни универзитетски курсеви на интернет кои ќе ви помогнат да ја задоволите желбата кон исторјата.

Овие курсеви не само што ќе ја задоволат љубовта кон историјата, туку и ќе можете да ги следите по свое темпо, без потреба да се регистрирате или да чекате датум за почеток. Ви ги нудиме најдобрите.

 

„Историја на светот“ - Кан академија

Историјата на светот опфаќа 42 предавања од Џон Грин. Се разбира, не може да покрие се', но е добро место да се продолжи со историјата која сте започнале да ја учите на училиште.

„Кратка историја на човештвото“, Курсиера

Почнувајќи со каменото доба и заклучно со 21 век, оваа серија на 17 лекции даваат краток преглед на човештвото.

 

„Вовед во историјата на старогрчкиот јазик“, Јеил Универзитет

Професорот Доналд Каган предава за основите на античката грчка историја, гледајќи во развојот на културата, политиката и уметноста од бронзеното доба се` до крајот на класичниот период.

„Античкиот медитерански свет“, предавања од Беркли

Оваа серија на аудио предавања започнува од 1500 година п.н.е во Египет и опфаќа различни цивилизации како Нео-Вавилонската империја и Ахемендиската империја, Грчкото царство, Минојската цивилизација, заклучно со падот на Римската империја.

„Американската револуција“, Јеил курсеви


Истражувајте ја комплексноста на американската еволуција со овој курс кој фрла поглед на еден од најзначајните настани во историјата на Америка од широка перспектива.

„Граѓанската војна и ерата на реконструкцијата, 1845-1877“, Јеил Курсеви

Оваа серија на предавања од професорот на Јеил Дејвид В.Блајт ги испитува причините и последиците од Граѓанската војна во Америка.

„Половина век Кенеди“, Курсиера од Универзитетот во Вирџинија


Овој само-интезивен онлајн курс со професорот Лери Сабато го истражува наследството на американскиот претседател Џон Ф.Кенеди, прикажувајќи го неговото претседателствување, атентат и трајното влијание врз земјата.

„Кина“, ЕдЕкс, Харвард

За овој курс ќе треба да направите сметка, односно профил, што е бесплатно. Курсот ви нуди запознавање на историјата на Кина. Курсот покрива 10 мини курсеви и ги истражува историсите настани и идеологии, опфаќајќи 6.000 години.

„Европска цивилизација, 1648-1945“, Јеил курс


Речиси 300 години од европската историја е спакувана во овој курс, а професорот Џон Мериман од Јеил дава широко истражување.

„Интернет историја, технологија и безбедност“, Курсиера и Универзитетот во Мичиген


Интернетот е огромен дел од нашиот секојдневен живот, па зошто да не знаете нешто повеќе за неговата историја?

„Градот Њујрок, социјална историја“, Универзитет Њујорк

Професорот Даниел Валковиц од Универзитетот во Њујорк ве носи на патување низ историјата на Големото јаболко, почнувајќи од населбата Нов Амстердам во 17 век.

„Наука, магија и религија“, Курсеви од Универзитетот во Лос Анџелес

Научете се' за науката и религијата како историски феномен кој еволуирал со текот на времето во оваа серија на предавања од професорот Кортенау Раиа.

„Епидемиите во западното општество од 1.600 година“, Јеил курсеви


Заинтересирани сте за епидемиите и болестите? Овој курс го предводи професорот Франк Сноуден и фрла светло на епидемиите со кои се соочувало општеството низ светската историја и нејзините ефекти врз општеството.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование