X
 15.04.2016 Образование

Драги родители, и наставниците се луѓе!

Бидете љубезни кон наставниците на вашите деца. Ако ги носите вашите деца на училиште, влезете и поздравете се. Пофалете го начинот на кој училницата е украсена. наставникот веројатно многу работи на тоа училницата да биде привлечна.

Посетете ги вашите деца дека мораат да ги слушаат нивните наставници - Дека мораат да ги почитуваат вашите наставници. И немојте самите да заборавите да ги почитувате, бидејќи ако вашите деца видат дека немате почит кон нивните наставници, дури и при телефонски разговор со пријателите - тогаш ни тие нема да ги почитуваат.

Бидете полни со разбирање кон наставниците на вашите деца -
Немојте да бидете еден од оние родители кој укажува на правописна грешка во меилот на наставникот. Обидете се да сфатите дека тој меил е напишан доцна навечер, а личноста која го пишувала едвај ги држела очите отворени од премореност. Обидете се да сфатите дека тоа го прават во слободното време.

Бидете реалистични во вашите очекувања - Наставниците на вашите деца даваат се` од себе за да им овозможат квалитетно образование на секое дете, и дека на оние кои им е потреба поголема помош, ја имаат. А наставникот е еден меѓу 30 ученици. Ако вашето дете добие слаба оценка немојте да го обвинувате наставникот, немојте веднаш да барате објаснување. Помогнете му на вашето дете. Учете со него.

Соработувајте со наставниците - Откријте што можете да направите за да помогнете во зацврстувањето на лекцијата. Немате време да ја претворите тројката во четворка? Тогаш немојте ни да очекувате дека наставникот ќе има. Ви можеби имате 45 работни часа во неделата, но наставникот има училница со 30 деца (и веројатно 50 работни часа во неделата).

Престанете со саркастичните коментари
- Поучувањето не е чување на децата. Не е хонорарна работа. Доколку не ви се допаѓа образовниот систем немојте тоа да го користите против наставникот. Тие веројатно се еднакво исфрустрирани како и вие бидејќи се приморани да одржуваат настава со толку лош образовен систем.

Покажете ја вашата благодарност
- Заблагодарете им се на наставниците за нивниот напор, нивната неуморна работа и за знаењето кое му го даваат на детето.

Покажете им дека признавате и го почитувате она што го работат - Кажете им го тоа. Понекогаш единствено нешто што наставникот слуша се жалбите и критиките од родителите. Затоа вие заблагодарете им се. Не морате да им купувате подарок, но можете да им напишете писмо.

Бидете активни со вашите деца - Најдобрата, најљубезната работа која можете да ја направите за наставниците, а воедно и најдобрата работа која можете да ја направите за вашето дете е да бидете активни - одете на школските приредби, прашувајте ги за нивниот ден, и работете со нив ако нешто не е во ред.

Бидете љубезни кон наставниците - Ако од почетокот имате лоша слика за наставниците и светот на образованието воопшто, ако очекувате дека наставникот ќе го уништи образованието на вашето дете, ако имате било каков лош став, тогаш му нанесувате штета на наставникот, но и на вашето дете.

Наставниците не се чудотворци - Тие не се тука за да ви го одгледаат детето. Тие не се тука за да преместат планини, дури и ако сакаат. Тие се вашите партнери во образованието. Тие ќе направат се` што е во нивна моќ за да ги водат учениците во текот на училишните часови, а понекогаш и после. Тие ќе постават темели на кои родителите подоцна треба да градат. Тие ќе постават база на која ќе се развиваат понатамошните искуства. Тие ќе ги поддржуваат нивните ученици и ќе се жртвуваат повеќе од било кој за своите ученици.

Затоа, подобро би било да бидете љубезни кон наставниците на вашите деца. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование