X
 15.04.2019 Технологија

Претседателска кампања преку холограм

Трката за претседател на САД пред изборите што треба да се одржат идната година веќе почнува да станува актуелна, но и драматична, како што и се случува кога има 20, а можеби и повеќе кандидати.

Сите се обидуваат да остават белег, но поради тоа што има толку многу сојузни држави каде што треба да се оди, а толку малку време да се направи тоа, како можат политичарите да бидат на повеќе места во исто време? Демократот Ендрју Јанг има една идеја: говор преку холограм.

Јанг е познат по прифаќањето нови идеи, а една од нив е и програмата за универзален основен приход. Неодамна тој истакна нова футуристичка идеја со план да ја реализира кампањата користејќи холографско присуство.

Неодамна Јанг објасни дека холограмот е поврзан со пораката на кампањата околу фактот дека е 2019 година и наскоро ќе биде 2020, и нештата се менуваат и не можеме да ги правиме истите нешта одново и одново и да очекуваме да ги постигнеме резултатите што ни се потребни. Користењето холограм може да му овозможи на Јанг да биде на повеќе места во исто време.

Потегот на Јанг доаѓа во време кога улогата на технологијата во секојдневниот живот е полемизирана. Политичарите го проценуваат присуството на технологијата во нашите животи и оформуваат визија за нашата иднина која вклучува различни можности како, на пример, планот на сенаторката Елизабет Варен за раскинување со технолошките гиганти.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија