X
 15.04.2020 Култура

Загатка за археолозите - пронашле украсени јајца стари речиси 2.500 години

Замислете да живеете во бронзено или камено време и да сакате да оставите впечаток пред член од висок ранг. Веројатно би му подариле накит, но тоа не би било доволно.

Веројатно јајцата биле подарок што ја задоволувал елитата тогаш. Прецизно изрезбани и вешто украсени јајца биле пронајдени во гробниците на медитеранските и средноисточните припадници на елитата што живееле пред околу 2.500 до 500 години пред новата ера. Овие откритија за археолозите се подеднакво возбудливи и збунувачки - кој ги направил и како стигнале до рацете на античкото благородништво и зошто баш јајца?

За да го решат случајот, археолози и куратори детално ги анализирале украсените лушпи од јајца пронајдени во колекцијата на британскиот музеј, во кој има пет одлично зачувани јајца од ној. Сите пет јајца биле пронајдени во гробницата на Ајсис во Вулци (антички етрурски град) откриен во 1839 година од братот на Наполеон Бонапарта, принцот Лисиен.
Гробницата датира од 600 година пред нашата ера, а во неа имало и други луксузни предмети, како златен накит и бронзен прибор.

jajca
Фото: Wikimedia Commons

Сите пет јајца од ној биле обоени, а на четири биле изгравирани шари од геометриски форми, животински и војнички мотиви. Остатоци од украсени јајца биле најдени на уште десетина други места, претежно гробници, низ Медитеранот и на Блискиот Исток.

За да го следат потеклото на јајцата, научниците користеле изотопска анализа - техника со која се испитуваат коските и забите, но овој пат ги испитувале лушпите од јајцата. Истражувачите претпоставувале дека јајцата ги направиле асириските и феничанските занаетчии, што анализата и го потврдила, но и дополнително открила дека јајцата најдени во една од гробниците потекнувале од неколку различни региони. Тоа укажува на многу посложен синџир на снабдување отколку што се сметало претходно.

Скенирањето со електронски микроскоп исто така открило дека биле користени многу алатки и техники, што зборува за големиот напор и вештина потребни за правење на овие јајца.

Извор: Sciencemag.org
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура