X
 15.04.2021 Образование

Запишувањето на првачињата ќе може да се направи електронски

МОН најавува нова дигитална услуга - запишувањето на децата во прво одделение да може да се направи и електронски. Преку порталот uslugi.gov.mk родителите/старателите можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните документи за вакцинации и прегледи. Новата дигитална услуга ја најави министерката за образование и наука Мила Царовска, пишува во соопштението на МОН.

- Од мај стартуваат уписите во основно образование. Новиот Концепт за реформата во основното образование е донесен, новите програми за прво одделение се донесени, објавени се конкурси за пишување нови материјали за учење кои треба да бидат на ниво на квалитет што го имаат развиените земји и на ова комплементарно е и услугата онлајн-запишување на учениците од прво одделение. Сигурна сум дека родителите ќе ја искористат и дека ќе имаме помалку метеж во училиштата и ќе имаме современ пристап во запишувањето во основното училиште. Понатаму ќе работиме и на средното образование - најави министерката Царовска.

Во следниот период ќе се дигитализираат услугите поврзани со наука и во делот на основно и средно образование, услугите од е-дневник родителите да ги добиваат на веб-апликација, како сумирани извештаи еднаш неделно.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование