X
 15.04.2022 Образование

Средношколец бил примен на 27 факултети кои му нудат стипендии од вкупно 4 милиони долари

Еден средношколец од Флорида, САД, има големи шанси да стане успешен во иднина со оглед на тоа што бил примен на 27 колеџи. Вкупната вредност на стипендиите што му ги нудат овие колеџи е 4 милиони долари.

Вокер сега оди во средно училиште во Панама Сити во Флорида, а неговиот следен предизвик е да одбере каде ќе студира. Меѓу другото, овој 18-годишен средношколец може да оди и на „Харвард“, „Стенфорд“ или Технолошкиот институт во Масачусетс.

- Беше изненадување да се види дека беа заинтересирани за мене и сакаа да студирам во нивната институција, дека ме примија - изјавил Вокер.

Освен училиштето, Вокер игра за училишниот фудбалски тим и работи на создавање уред кој се носи на раката, а ќе им помага на слепите и глувите лица во комуникацијата. Тој би сакал да студира инженерство, а има страст и за претприемништво.


- Најдов начин да ја насочам љубопитноста во науката и тоа наскоро се разви во инженерство. И потоа оттаму сакав да научам дали може да користам инженерство за да им помагам на луѓето. И многу се заинтересирав за создавање уреди кои може да им помогнат на лицата со попреченост и оние што поминуваат низ тешки проблеми - изјавил Вокер.

Кога станува збор за неговиот клуч до успехот, тој открил дека многу му должи на семејството, кое го поддржува.

Извор: People
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование