X
 15.04.2022 Живот

Земји што плаќаат за да се преселите во рурален предел

Пандемијата, која го зголеми процентот на луѓе што работат од дома, го олеснува и животот надвор од градот. Некои држави нудат поволности за жителите што ќе се преселат во рурален предел.

Португалија

Во 2020 г. Португалија започнала програма за грантови наменети за лица што ќе се преселат во рурални региони. Жителите може да аплицираат за грантови со висина до 4.827 евра, а за возврат треба да останат да живеат таму најмалку една година.

Ирска

Во Ирска Владата претставила план за да ги привлече работниците во малите градови и села. Во рамките на програмата се предвидени грантови за преселување и даночни олеснувања. Владата, исто така, гради и реновира 400 локации за работа во рурални предели со пристап до брз интернет.


Фото: Pixabay

Италија

Општината Санто Стефано ди Сесанио во Јужна Италија во 2020 г. доделувала грантови во висина од 8.000 евра годишно, во период од три години, за преселување во општината. Понудата вклучувала куќа со симболична станарина, како и неповратен грант до 20.000 евра за основање стартап-компанија.

САД

Американската сојузна држава Вермонт нуди до 7.500 долари за преселување на работниците во државата. Грантовите се за лица што работат од далечина.

Австралија

Австралија, исто така, нуди финансиска помош за преселување. Се доделуваат до 6.000 австралиски долари доколку се преселите во регион надвор од главен град.

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот