X
 15.05.2017 Наука

Заборавете сѐ што сте знаеле за солта – нова студија со сосема поинакви откритија

Општо е познато дека кога се консумира повеќе сол на телото му е потребно повеќе вода. Но според најновите истражувања зголемените количества сол кои се консумираат правеле учесниците да бидат помалку жедни затоа што нивните тела почнале да произведуваат сопствена вода.

Ова откритие може да придонесе во подобрувањето на третмани за тебелина, дијабетес и срцеви болести, како и за подготовка на луѓето кои патуваат во вселената.

Научниците сметаа дека ако се консумира повеќе сол – содиум хлорид – се зголемува жедта, па кога се пијат дополнителни количини се балансира нивото на содиум во телото.

Во истражувањето, се симулирала мисија на Марс, а на 10 космонаути им била давана контролирана исхрана со 6,9 до12 грама сол на ден. Кога екипажот јадел повеќе сон, повеќе и се излачувала, т.е. се зголемувал волуменот на урината, а нивоата на натриум во телото биле стабилни. Астронаутите пак, тогаш почнале да пијат помалку вода. Освен тоа, изјавиле дека чувствувале глад кога се зголемувало нивото на сол во исхраната иако јаделе иста количина во целина.

Иако треба да се направат дополнителни студии, сепак изненадувачки е фактот дека пропаѓа митот за консумација на поголеми количини вода кога се консумира повеќе сол.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука