X
 15.05.2020 Здравје

Ковид 19: Оздравени 16 пациенти, новозаболени 17

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 16 оздравени пациенти од Ковид-19. По градови тоа се: во Скопје - 7, Куманово - 6, Прилеп - 2, Велес - 1. Во изминатите 24 часа се направени 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на болеста, и тоа во: Скопје - 3, Куманово - 2, Прилеп - 3, Тетово - 6, Велес - 2, Битола -1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје (89 г.), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот регистрирал и пациент од Велес (72 г.) починат на 13 мај во ГОБ „8 Септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.740, од кои оздравеле 1.251 пациент, починале 97, а во моментов бројот има 392 активни случаја. Последната дистрибуција по градови е:

- Скопје - 592, активни 134
- Куманово - 413, активни 43
- Дебар - 51, активни 0
- Штип - 35, активни 1
- Прилеп -193, активни 63
- Тетово - 131, активни 68
- Струга - 69, активни 6
- Велес - 113, активни 49
- Битола -26, активни 7
- Охрид -17, активни 2
- Кавадарци - 5, активни 0
- Гостивар -19, активни 3
- Гевгелија - 4, активни 0
- Струмица - 2, активни 0
- Крива Паланка - 6, активни 2
- Радовиш - 4, активни 0
- Крушево - 3, активни 0
- Кочани - 31, активни 4
- Пробиштип - 2, активни 0
- Кичево - 2, активни 0
- Неготино - 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар - 1, активни 0
- Македонски Брод - 2, активни 0
- Пехчево - 3, активни 1
- Делчево - 1, активни 0
- Валандово - 1, активни 1
- Виница - 2, активни 0
- Кратово - 2, активни 2
- Берово - 1, активни 1

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје