X
 15.05.2021 Живот

Се судриле два авиона во лет, нема повредени

Минатата недела среде лет се судриле два авиона кои се подготвувале да слетаат на мал аеродром во близина на Денвер, САД. Никој не бил повреден во инцидентот.

Двајцата пилоти успеале да слетаат и да останат неповредени, како и едниот патник во едниот од авионите.

По ударот, пилотот кој бил сам во едниот авион воопшто не забележал дека неговиот авион бил речиси срушен, но иако изгубил мотор, пилотот успеал безбедно да се спушти и да слета.

Пилотот на другиот авион слетал на празно поле со помош на падобран кој го забавил спуштањето.

Сè уште не е јасно како двата авиона се судриле, а во моментов има истрага за инцидентот.


Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот