X
 15.06.2018 Политика

Норвешки пратеници го номинирале Трамп за Нобелова награда за мир



Американскиот претседател Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир за следната година, открија во средата двајца норвешки пратеници велејќи дека причината за тоа е историскиот самит со севернокорејскиот челник Ким Јонг-ун.


Ким Јонг-ун и Трамп се ракуваат
(Фото: AFP)


„Ова што се случува е историја“, изјавил Пјер-Вили Адмунсен за норвешката телевизија НРК.

„Покренат е процес кој може да придонесе за обезбедување на светскиот мир на некое време“, додал пратеникот од Прогресивната партија кој го номинира Трамп, со својот колега Кристијан Трибинг-Гједе. 

Група американски пратеници неодамна открија дека и тие го номинирале Трамп.

Норвешкиот одбор за доделување нобелови награди претходно објави дека годинава добиле 329 номинации за наградата, што е втор најголем број во историјата. Одборот ги советува оние што ги предложуваат кандидатите да не ги откриваат своите предлози, но не постои службено правило против такви активности.

Право за номинации имаат политичари, академици, поранешни победници, директори на институти за мировни истражувања, како и моменталните и идните членови на Одборот.

Минатогодишната награда отиде кај ИЦАН, Светското здружение за укинување на нуклеарното оружје.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика